Пресврт, сепак остануваат во Скопје

Шкупи одигра „два у кец“ - Ќе им биде домаќин на Академија Пандев и на Шкендија во Маџари наместо во Гостивар

Новото раководство на Шкупи сепак ја смени одлуката и првите два меча од продолжението на домашното првенство чаирчани ќе ги играат на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари, наместо како што беше најавено во Гостивар

објавено: 9 февруари 2018 - 08:36

Новото раководство на Шкупи сепак ја смени одлуката и првите два меча од продолжението на домашното првенство чаирчани ќе ги играат на стадионот „Борис Трајковски" во скопската населба Маџари, наместо како што беше најавено во Гостивар.

Академија Пандев ќе им биде гостин на скопјани на 14. февруари на „Борис Трајковски“, исто како и Шкендија четири дена подоцна. На инсистирање на новиот спонзор на клубот, кој сериозно се засили и има амбиции за излез во Европа, сепак ќе се игра во Скопје. Теренот во „Чаир“, каде Шкупи стандардно ги игра своите мечеви се реновира, па привремено ќе има преселба.

Во опција беше и игралиштето на ФФМ, на комплексот „Перо Милошевски“, но за да се зачува теренот за настапите на македонската селекција за играчи до 17 години, таа варијанта отпадна.

Гостивар се понуди да им биде домаќин на чаирчани, но поради далечината и за да се има поголем,а поддршка од навивачите, челниците на Шкупи донесоа одлука двата стартни дуели од пролетниот дел да се играат во Скопје.

 

Најново во Фудбал