Четворица пристигнаа на Чаир, ќе има уште 2-3 играчи

Шкупи пак ќе биде силен, претставен квартетот засилувања (Фото)

Шкупи го почна новиот проект што треба да го врати клубот на патеките на успехот, а денеска беше промовиран квартетот зимски засилувања, предводен од најдобриот стрелец во историјата на македонските шампионати, Баже Илијоски

објавено: 12 јануари 2018 - 15:00

Шкупи го почна новиот проект што треба да го врати клубот на патеките на успехот, а денеска беше промовиран квартетот зимски засилувања, предводен од најдобриот стрелец во историјата на македонските шампионати, Баже Илијоски.

Со него на „Чаир“ пристигнаа и Стефан Вујчиќ, Рон Броја и Благоја Љамчевски, а се очекуваат уште 2-3 фудбалери, кои ќе се приклучат во Анталија на проба.

„Ветивме дека имаме сериозен проект, а за реализација ни требаат и сериозни засилувања. Се радувам што успеавме да доведеме и квалитетни и докажани и талентирани играчи. Ќе има уште нови играчи, но засега за имињата нека остане тајна“, изјави новиот финансиер на Шкупи, Шефкет Демири.

Илијоски, Вујчиќ, Броја и Љамчевски ветија дека ќе вложат максимум за да ја оправдаат довербата и ангажманот во Шкупи.

Чаирчани најавија ангажман на стопер, а ќе се засилат и на уште две-три позиции, но засега не ги откриваат следните трансфери.

Најново во Фудбал