Во Битола имаше од се по нешто, голови, пенали, пресврти...

Шкупи промаши пенал за 3:0, на крајот се спаси од пораз против Победа

Победа и Шкупи го одиграа највозбудливиот меч од 21. коло во домашното првенство, а по многу пресврти, пенали, шанси, ремизираа 3:3

објавено: 25 февруари 2018 - 16:22

Победа и Шкупи го одиграа највозбудливиот меч од 21. коло во домашното првенство, а по многу пресврти, пенали, шанси, ремизираа 3:3.

Чаирчани по само девет минути игра со головите на дебитанот Типуриќ и на Адем водеа со 2:0 во Битола, потоа Адем промаши пенал за 3:0, по што мечот ќе беше решен, а потоа се случи голем пресврт.

Филип Најдоски и на двапати Благоја Гешовски беа прецизни за предност на прилепчани од 3:2, но и тука не беше крај на голеадата. Во 85. минута Асани постигна гол за Шкупи за конечни 3:3 во најефикасниот меч од 21. коло во нашата Прва Лига.

Најново во Фудбал