ВО РАМКИТЕ ОД ЗАОСТАНАТИОТ МЕЧ ОД 26. КОЛО

Шкупи утре на Чаир ќе го дочека Пелистер

Иако има постапка против тимот од Чаир поради настаните од дуелот со Силекс, сепак нема одлука на Дисциплинската комисија за евентуални санкции. Па така утрешниот меч Шкупи ќе го игра на својот стадион и пред своите фанови.

објавено: 8 мај 2018 - 13:48

Натпреварот од 26.коло со Пелистер, кој беше одложен поради труење на играчите од Битола, ќе се одигра утре со почеток во 16:30 часот, и тоа на стадионот на Чаир. Ова го потенцираме зошто познато е дека поради настаните од мечот со Силекс, ФФМ покрена Дисциплинска постапка против клубот од Чаир, но се уште нема одлука од страна на Дисциплинската комисија за евентуални санкции.

Па така тоа значи, така информираат и од клубот но и од ФФМ, дека утрешниот меч меѓу Шкупи и Пелистер ќе се одигра утре и тоа на Чаир и со присуство на публика.

Најново во Фудбал