ВЕЛЕШАНИ ПОКАЖАА ЗОШТО СЕ ЛИДЕРИ ВО ВТОРАТА ЛИГА - ИСТОК

Шкупи во контролен меч ремизираше со Борец (ВИДЕО)

Прволигашкиот тим предводен од тренерот Умит Каран во Скопје на Чаир денеска во пријателски натпревар одигра нерешено против второлигашот Борец од Велес со резултат 2:2.

објавено: 13 октомври 2018 - 18:09

Иако водеше Шкупи со 2:0, истата предност не успеа да ја задржи, бидејќи велешани на крајот го избегнаа поразот и на тој начин покажаа зошто моментно се на првото место во Втората лига - Исток и е во конкуренција за влез во елитата.

Стрелци на головите за Шкупи беа Баже Илијоски и Муарем Бајрами, додека на спротивната страна за Борец погодоци запишаа Андреј Ричков и Симеон Христов.

Пред продолжението од сезоната Шкупи во Првата лига е на последното 10. место со шест бода, додека Борец како што веќе рековме е на првата позиција во 2МФЛ - Исток со 22 бодови.

Најново во Фудбал