Го промовираа новиот финансиер

Шкупи заедно со новиот спонзор „Груп Импекс“ во атак кон Европа

Компанијата „Груп Импекс“ е нов спонзор на Шкупи, а првиот човек на новите финансиери на чаирчани најави консолидација на клубот, а во четиригодишен план и застанување рамо до рамо со Вардар и Шкендија

објавено: 26 декември 2017 - 18:31

Шефкет Демири, е новиот спонзор на Шкупи, клуб кој најавува големи потфати и настап во европските купови во некоја од следните четири години.


„Јас сум стар скопјанец, роден сум во Чаир и знам што значи клубот за луѓето што живеат тука. Последните дваесетина години живеам во Турција, но секогаш сум бил поврзан со Шкупи. Последните два месеци сме во постоен контакт, околу потенцијалната соработка. Се договоривме да направиме четиригодишен план. Првите шест месеци ќе пробаме да го стабилизираме клубот, да донесеме неколку засилувања. А за следната сезона имаме далеку поголеми амбиции ", изјави Демири.

„Груп Импекс“ е компанијата која во иднина ќе вложува во клубот од Чаир, кој годинава слави 90 години од постоењето.

Најново во Фудбал