БРЕГАЛНИЦА УТРЕ ГИ ДОЧЕКУВА ВЕЛЕШАНИ ВО МЕЧОТ НА СЕЗОНАТА

Штипските „сини“ во карантин до дуелот со Борец

Само победа и три бода им одговараат на штипјани ако сакаат на крајот да се најдат во баражот за Прва лига

објавено: 5 мај 2018 - 13:25

Утре (17:00 ч) на Градскиот стадион во Штип ќе се одигра мечот на сезоната, како за Брегалница така и за Борец. Во пресрет на последните три кола во Втората лига – Исток, велешани имаат бод предност и се на втората позиција пред Брегалница.
Па така „сините" ќе мораат по секоја цена да слават на ова дерби ако сакаат на крајот да се најдат во баражот за Прва лига.
Инаку овој дуел со Борец максималнио сериозно се сфаќа во редовите на штипјани. Играчите се во карантин, се прават последните подготовки околу самата организација на натпреварот, а со цел да има што повеќе гледачи одлучено е влезот на стадионот за фановите да биде бесплатен.

 

Најново во Фудбал