ПРОСЛАВЕНИОТ ХРВАТСКИ АКТЕР СО ПОДДРШКА ЗА КРАТОВЦИ

Силекс има нов навивач - Раде Шербеџија! (ФОТО)

објавено: 9 ноември 2014 - 10:26

Фудбалерите на Силекс денеска му гостуваат на битолски Пелистер, во рамките од 14. коло од Првата фудбалска лига, а уште една гостинска победа, по онаа над Тетекс, сигурно ќе ги вивне во врвот на табелата.

За разлика од нив, битолчани имаат мака - повеќе од 500 минути немаат дадено гол, пет кола немаат победа, а во последните две рунди загубија.

Силекс сериозно го сфаќа овој меч, па експедицијата на кратовскиот прволигаш уште вчера пристигна во Битола и се смести во хотелот „Епинал“. Слободните мигови во Битола фудбалерите на Силекс ги искористија за да се дружат и фотографираат со славниот хрватски актер Раде Шербеџија, кој им посакал успех на денешниот меч.

rade serbedzija

Фотографија: www.aberdzija.com

Најново во Фудбал