Денеска се игра заостанатиот меч од 21. коло

Силекс по бодови за Европа, Пелистер има план за опстанок

Силекс и Пелистер ќе го играат заостанатиот меч од 21. коло, денеска од 15 часот, а бодовите се исклучително значајни за двете екипи со различна цел. Ако победат кратовци ќе имаат 12 бодови предност пред конкурентите за третата позиција што гарантира настап во квалификациите за Европа Лигата, а Пелистер нема избор и мора да игра на победа во битката за опстанок

објавено: 4 април 2018 - 12:37

Силекс и Пелистер ќе го играат заостанатиот меч од 21. коло, денеска од 15 часот, а бодовите се исклучително значајни за двете екипи со различна цел. Ако победат кратовци ќе имаат 12 бодови предност пред конкурентите за третата позиција што гарантира настап во квалификациите за Европа Лигата, а Пелистер нема избор и мора да игра на победа во битката за опстанок.

Битолчани играат многу солидно во пролетниот дел од шампионатот, имаат само еден пораз и за нив надеж за опстанок се уште постои. Со подвиг и триумф во Кратово ќе ја прескокнат Победа и ќе ги избегнат двете последни места што водат во понизок ранг.

Силекс е речиси сигурен патник за Европа, а печатот кратовци можат да стават денеска, ако ги освојат бодовите против гостите од Битола.

Најново во Фудбал