ОСМО ЗАМИНУВАЊЕ ОВАА ЗИМА ОД КРАТОВО

Силекс се раздели и со Пановски

Офанзивецот Александар Пановски од денеска не е повеќе фудбалер на Силекс

објавено: 10 јануари 2019 - 19:55

По Филип Ристовски кој денеска потпиша за Шкупи, Александар Пановски е најновото име кое си замина од Силекс. Тој е осмиот фудбалер на кратовци со кој клубот се раздели оваа зима. Иако беше најавувано дека ќе нема класична трансфер – листа, иако од Кратово доаѓаа вести дека речиси сите остануваат, сепак Силекс има намера драстично да го менува својот состав, односно ростер.

Пановски е роден велешанец, тој двапати се враќаше во Борец од Силекс, е сега дали ќе следува уште едно негово враќање во својот матичен клуб, останва да се види. Интересно, Пановски има 30 години, но во својата кариера има играно само за Борец и Силекс.

Најново во Фудбал