ШАМПИОНОТ НЕ СЕ ШЕГУВА, НА КОЛЕНА И ОРЕНБУРГ

Силна Шкендија, деби на Агим и Хусмани (ВИДЕО)

Емини и Имери за 2:0 за нашиот првак против рускиот прволигаш Оренбург. Интересен меч на кој свое деби имаа Агим Ибраими и Зени Хусмани. Мала минутажа имаше и Жуниор

објавено: 28 јануари 2019 - 17:47

Ни рускиот Оренбург не и може ништо на Шкендија. Втор меч, втора победа,ако се смета и прекинатиот со Грасхоперс, за нашиот шампион во Анталија. Попладнево во „Глорија Центарот", тетовци со 2:0 славеа против рускиот прволигаш. Сосема коректно издание на „црвено - црните", за ова време од подготовките и одлично што се вели. Емини во 38.минута стрелаше за водство од 1:0, додека Имери во 70. минута ги постави конечните 2:0. Свое деби имаа Агим Ибраими, кој беше стартер и Зени Хусмани кој пак влезе во игра во 60.минута кога тренерот Османи го промени речиси целиот стартен состав. Да споменеме дека во самиот финиш од средбата, своја минутажа доби Стенио Жуниор кој сега е фит по операцијата на менискусот. Не настапи Егзон Бејтуали, кој беше поштеден пошто се жалел на поситна повреда. Да кажеме дека ова беше вкупно четврти меч на тетовци во овие зимски подготовки, и четврта победа. Ренова (2:1), Македонија ЃП (2:1), Грасхоперс (2:0 прекин) и Оренбург (2:0).

Нашиот првак мечот го започна со Захов, Мурати, Муслиу, Садриу, Мици, Тотре, Алими, А. Ибраими, Фазли, Емини, Нафиу. Во вториот дел играа и Шефити, Зејнулаи, Жуниор, Бојку, Мерџани, Беќири, Имери, Чешмеџиев, Хусмани, Реџепи и Тодоровски.

 

 

Најново во Фудбал