Тешка повреда на еден од најдобрите стрелци на Македонија ЃП

Симеон Христов мора на операција по повредата на клучната коска

Еден од најдобрите играчи на второлигашот Македонија Ѓорче Петров, Симеон Христов ќе биде опериран утре, по тешката повреда на клучната коска на дуелот со Тетекс

објавено: 19 март 2018 - 19:22

Еден од најдобрите играчи на второлигашот Македонија Ѓорче Петров, Симеон Христов ќе биде опериран утре, по тешката повреда на клучната коска на дуелот со Тетекс.

Христов незгодно падна по еден дуел и има скршеница на клучната коска. Тоа е голем пех и за играчот, кој е во извонредна форма и за амбициите на клубот да обезбеди пласман во Првата Лига.

Христов постигна два гола на дуелот со Тетекс, првиот во првата минута, а повредата се случи при убедлива предноста на ѓорчепетровци од 4:0. Според нашите информации утре Христов ќе биде опериран, па ќе следува период за рехабилитација, што значи дека Симеон веројатно нема да игра до крајот на оваа сезона.

Најново во Фудбал