МАКЕДОНЦИТЕ „ГЛАВНИ“ ЗА СЕПСИ

Симоновски асистира до Петровиќ, потоа и самиот погодува

Сепси на „погон“ на македонските фудбалери попладнево одигра нерешено со Ботошани 2:2. Двата гола беа дело на нашите играчи. Симоновски најпрво во улога на асистент до Петровиќ, а потоа и самиот постигна погодок.

објавено: 23 април 2018 - 20:32

Марко Симоновски ја продолжи својата гол серија во Романија. Очигледно дека одлично му оди во финишот од сезоната во Сепси. Покрај тоа што го постигна третиот погодок во серија, Симоновски имаше и асистенција и тоа кон својот сонародник, вториот македонски интернационалец Милован Петровиќ. 

Така Милован Петровиќ во 42. минута стрелаше за израмнување од 1:1 против Ботошани, а потоа Симоновски даде гол за водство. И кога се чинеше дека Сепси освојува важни бодови за својот опстанок, во судиското надополнување Ботошани стигнува до еден бод. 

Сепси е без пораз во плеј-аутот во Романија, и има четири нерешени средби и две победи. 

Најново во Фудбал