Во ист град, но на друг стадион

Скопје повторно домаќин во Кичево, против Академија Пандев ќе се игра на стадионот на Влазрими

Фудбалерите на Скопје во недела ќе ја одработат казната од два меча, а повторно ќе играат важен меч за опстаноки во Кичево. Овојпат ќе им бидат домаќините на ривалите од Академија Пандев

 

објавено: 20 април 2018 - 19:00

Фудбалерите на Скопје во недела ќе ја одработат казната од два меча, а повторно ќе играат важен меч за опстанок во Кичево. Овојпат ќе им бидат домаќините на ривалите од Академија Пандев, но не на Градскиот стадион, туку на теренот на Влазрими.

Поради инцидент по мечот со Работнички и пријавата за вербален и физички напад на судиите и за влез на терен на неслужбени лица, тимот од Автокоманда заработи казна до два меча. Првиот го одработија против Силекс, со реми, 1:1, а задутре пак ќе играат во Кичево со Академците на Пандев.

Најново во Фудбал