Теренот на Автокоманда под суспензија

Скопје се сели во Кичево, Силекс пак доби ветар в грб

Теренот во Автокоманда на кој прволигашот Скопје ги игра натпреварите како домаќин е суспендиран по инцидентот на мечот со Работнички, па утре фенерџијата ќе игра во Кичево против Силекс во меч од 28. коло

објавено: 17 април 2018 - 13:49

Теренот во Автокоманда на кој прволигашот Скопје ги игра натпреварите како домаќин е суспендиран по инцидентот на мечот со Работнички, па утре фенерџијата ќе игра во Кичево против Силекс во меч од 28. коло.

Третото полувреме и инцидентот по дуелот со „романтичарите“ скапо ќе го чини Скопје, а казната може да биде и драстична, до 9 натпревари за теренот во Автокоманда. И тоа во ситуација кога Скопје се бори за опстанок. најголем ќар повторно ќе има Силекс, екипа која е блиску до настап во Европа. Кратовци имаа среќа да играат против младинците на Вардар во Скопје и победија со 3:2 против шампионот, а сега повторно им се насмевна среќата. Ќе играат во Кичево на неутрален терен, утре од 16 часот, наместо на жешкиот терен во Автокоманда.

Најново во Фудбал