Кога пеналите не се користат

Скопје утна пенал за победа, Ренова постигна прв гол и освои бод

Фудбалерите на Скопје и Ренова одиграа нерешено, 1:1 во битката за опстанок во Првата лига

објавено: 25 февруари 2018 - 15:54

Фудбалерите на Скопје и Ренова одиграа нерешено, 1:1 во битката за опстанок во Првата лига. Со голот на Жоел Бопесу домаќините поведоа со 1:0 во 77. минута, а Меџит Незири израмни во самиот финиш. Тоа е прв погодок за „гипсарите“ во пролетниот дел од првенството.

Скопје имаше шанса во 93. минута да победи и да ја прекине серијата без триумф на шест меча, но домаќините промашија пенал и не ги освоија бодовите. Бопесу промаши и Скопје не дојде до трите бодови.

Домаќините играа со фудбалер помалку по исклучувањето на Јаневски во 68. минута.

Најново во Фудбал