Освежување во стручниот штаб на романтичарите

Славчо Георгиевски ќе му асистира на Треневски во Работнички

Поранешниот македонски репрезентативец на Македонија, Славчо Георгиевски е нов помошник во стручниот штаб на Работнички и ќе му помага на Виктор Треневски за да се оствари добар пласман во новата сезона

објавено: 11 август 2017 - 13:05

Поранешниот македонски репрезентативец на Македонија, Славчо Георгиевски е нов помошник во стручниот штаб на Работнички и ќе му помага на Виктор Треневски за да се оствари добар пласман во новата сезона

Популарниот „Тупан“ 18 месеци работи како тренер во младинската школа на ФК Работнички, а веднаш по завршувањето на фудбалската кариера почна да работи како асистент тренер во азербејџанскиот клуб Интер Баку. 

Интересно е што тој е вардарово дете и ги научи првите фудбалски чекори кај лутиот ривал на Работнички.

Георгиевски има и 20 настапи за националниот тим.

Работнички новата сезона во Првата лига ќе ја почне утре против Ренова, на стадионот во Ѓорче Петров, во Скопје.

Најново во Фудбал