ГАЗДАТА НА БЕЛАСИЦА УДРИ ПО СВОЈОТ СОГРАЃАНИН

„Пандев, со купување натпревари ли ги едуцираш децата од твојата академија?“

Откако по вчерашниот меч Академија Пандев - Плачковица, остро реагираа радовишани поради начинот на делење (не)правда на стадионот во Турново, во јавноста со фејсбук статус се огласи и Славчо Пинда, газдата на Беласица, клуб од каде што потекнува македонскиот интернационалец Горан Пандев.

објавено: 9 ноември 2015 - 14:26

 „Денеска голем срам за фудбалот. Нели јас не сум се разбирал од фудбал, а Пандев многу разбира со сите купени и наместени натпревари сака да го освои првенството. Плачковица им докажа дека не може и со три црвени картони и страшен притисок и гол од офсајд и непостоечки пенал. Таква ли академија имаш ти, така ли ќе ги едуцираш децата. Срамота за фудбалот и за нашиот спортски град“
 

„Ги уништи амбициите на ФК Беласица оваа година, на сите натпревари противничките екипи добиваат пари за да нѐ победат, нели ти е срам. Ова е Горан Пандев, не го сака сопствениот клуб од кој денеска јаде леб и со цела негова негативна енергија е насочен да ја уништи ФК Беласица. Само јавно да ти кажам, тоа нема ни на сон да ти успее, ФК Беласица е брендот на фудбалот во Струмица и ФК Беласица била и ќе биде бренд без разлика ти што и да правиш и да не ја водам јас Беласица. Беласица си е Беласица и ти можеш само да сонуваш да бидеш посилен од ФК Беласица. Ти не ја сакаш репрезентацијата, сопствениот клуб, кој си ти, си се запрашал?“, пишува Пинда.

Најново во Фудбал