Познато име на клупата на прилепчани

Слободан Крчмаревиќ ќе ја спасува Победа

Поранешниот селектор на младата репрезентација на Србија, Слободан Крчмаревиќ е нов тренер на Победа и доаѓа на местото на Славољуб Бубања

објавено: 13 март 2018 - 14:58

Поранешниот селектор на младата репрезентација на Србија, Слободан Крчмаревиќ е нов тренер на Победа и доаѓа на местото на Славољуб Бубања.

Крчмаревиќ има одлично педигре и како тренер и како играч, а најсветол момент му е водењето на младата селекција на Србија, со која го освои шестото место на Европско првенство за играчи до 21 година.

Последен ангажман на некогашниот играч на Партизан беше тренерската позиција во Ал Рифа од Бахреин, а водеше уште неколку клубови.

Најново во Фудбал