НЕМА УСЛОВИ ЗА ТРЕНИНГ НА МИНУС 15

Снегот го одложи стартот на подготовките на Пелистер

Наместо утре во Битола, како што беше предвидено, тренинзите ќе започнат во вторник и тоа во Охрид

објавено: 7 јануари 2017 - 14:36

Временсите услови или подобро речено непогоди, влијаеа за промена на првичниот план во Пелистер. Битолчани требаше утре да ги стартуваат подготовките, но поради студеното време и снегот, стартот на тренинзите е одложен за два дена. 

Тренерот Наџи Шансои првата прозивка ќе ја има во вторник и тоа во Охрид, каде ќе се стационира Пелистер. Во Охрид ќе се работи десетина денови, а потоа клубот заминува во Аланија. 

 

На тренинзите во Охрид ќе бидат и трите засилувања, Баже Илијоски, Јасмин Мециновиќ и Мартин Блажевски. Се очекува во таборот на „зелено-белите“ во следните неколку дена да дојдат уште две засилувања. 

Најново во Фудбал