Прв тренинг на шампионот во вистински зимски услови

Снегот му е како добро утро на Бесир Демири (Фото)

Снегот му е како добро утро на Бесир Демири, а екстра засилувањето на Вардар не се изненади од зимската идила во Скопје, каде е роден, бидејќи и досега зимските подготовки во Тетово, како член на Шкендија ги почнуваше во слични услови

објавено: 8 јануари 2017 - 14:08

Снегот му е како добро утро на Бесир Демири, а екстра засилувањето на Вардар не се изненади од зимската идила во Скопје, каде е роден, бидејќи и досега зимските подготовки во Тетово, како член на Шкендија ги почнуваше во слични услови.

Поинаку е само што шарпланинскиот снег го замени со скопскиот. Денеска точно напладне, младинскиот репрезентативец и неговите нови соиграчи од Вардар ги почнаа зимските подготовки, во обидот да се освојат двете домашни титули. Планот е да се остане во Скопје до 20. јануари, а следниот ден па се до 11. февруари, шампионот ќе се подготвува во Анталија. 

Почетокот на пролетниот дел е закажан за 19. февруари, а Вардар ќе игра со Шкупи на домашен терен.

Најново во Фудбал