Во последните 10 кола блескаа прилепчани

Со аргатски маки големи, Победа опстанок нанижа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Победа беше на прагот на испаѓање по три четвртини од првенството, но со фуриозен финиш и со 19 освоени бодови во последните 10 кола прилепчани успеаја да приредат подвиг и да го продолжат прволигашкиот живот. Денеска во Скопје со триумф од 3:0 против Работнички, Победа му удри печат на опстанокот

објавено: 28 мај 2017 - 18:52

Победа беше на прагот на испаѓање по три четвртини од првенството, но со фуриозен финиш и со 19 освоени бодови во последните 10 кола, прилепчани успеаја да приредат подвиг и да го продолжат прволигашкиот живот. Денеска во Скопје со триумф од 3:0 против Работнички, Победа му удри печат на опстанокот.

Иако често играа на гостински терен како домаќини поради реновирањето на Градскиот стадион во Прилеп, сепак играчите на Победа покажаа тимски дух и квалитет, а преселбата на теренот во Могила беше таличен за нив. Нанижаа 5 победи по ред во последните 5 кола, што беше клуч за опстанокот. Беше тешко, како што велат прилепчани, но сега е најслатко и време е за славје во чест на новата прволигашка сезона за Победа.

 

Најново во Фудбал