Успешна генералка за гипсарите

Со петарда Ренова ја сопре скопската Локомотива

Прволигашот Ренова имаше успешна генералка пред продолжението на пролетниот дел од шампионатот и со убедлива победа од 5:0 против Локомотива најави високи амбиции

објавено: 7 февруари 2018 - 14:50

Прволигашот Ренова имаше успешна генералка пред продолжението на пролетниот дел од шампионатот и со убедлива победа од 5:0 против Локомотива најави високи амбиции.

Дуелот апсолутно му припадна на клубот од Првата лига, а клучен беше периодот од 7 минути на почетокот на второто полувреме. Од 48. до 55. минута популарните „гипсари“ трипати ја затресоа мрежата на скопјани и веќе водеа со 4:0. Во финишот постигнаа уште еден гол, за конечни 5:0, против членот на Втората Лига Запад.

Најново во Фудбал