ШАМПИОНОТ И ОВАА ЕСЕН ЈА ПОТВРДИ СВОЈАТА ДОМИНАЦИЈА

Со подеми и падови останаа најдобри...

На две кола пред крајот, Шкендија и официјално стана есенски првак. И покрај сите слабости, сепак шампионот покажа најмногу. Тие шест бода предност пред Вардар може да бидат и поуверливи, сепак се зависи од резултатите на двете екипи во последните две есенски кола.

објавено: 27 ноември 2018 - 15:30

Очекувано, иако малку потешко, сепак Шкендија се најде на местото каде што и припаѓа. А тоа е на самиот врв на Првата лига. Имено со триумфот над Победа во Турново, момците на стратегот Ќатип Османи ставија печат на есенската титула. Први ја минаа целта од првата полуетапа во сезоната 2018-2019. Кога сме кај Османи веднаш да го кажеме следниот податок. Кога Шкендија беше есенски првак во сезоната 2010/11, тренер беше Османи, кога во истата сезона стана шампион тренер беше Османи. Кога лани Шкендија стана есенски првак пак стратег беше Османи, исто и кога стана шампион. И сега Шкендија стана есенски првак под водство на Османи.
Токму затоа Ќатип Османи е најдобриот тренер, и тоа убедливо, во историјата на ФК Шкендија.

НЕ БЛЕСКА, А ПОБЕДУВА, ТАКА ПРАВАТ ГОЛЕМИТЕ

Шкендија реално не блескаше во изминатиот есенски дел. Имаше подеми и падови, есенската титула ја освои благодарение на одличната серија која уште трае во последните седум кола. Не дека Шкендија играше слабо, не, но факт е дека по се она што и се случи во плеј - офот во Лигата на Европа долго време и требаше на екипата да се снајде, а се снајде, се дигна во вистински момент. И тоа на дребито со Вардар на негов терен, потоа се беше мед и млеко за шампионот. Велиме не блескаше, но победуваше, често и на мускули, но така е тоа со големите тимови, тие и кога не играат како што треба обични победуваат.

КОГА БИЛА ЕСЕНСКИ ПРВАК, БИЛА И ШАМПИОН

Интересен податок за Шкендија кога станува збор за есенските титули. Велиме интересно зошто досега кога Шкендија била есенски првак на крајот завршувала како шампион на Македонија. Така беше во сезоната 2010/2011, така беше и во сезоната 2017/2018, е сега дели ќе биде така и во оваа сезона 2018/2019 ќе видиме, сепак Шкендија во пролетниот дел влегува како апсолутен фаворит, влегува како апсолутен господар на својата судбина и само од неа ќе зависи дали на крајот фановите на Шкендија и по третпат во историјата, вторпат во серија, ќе слават и ќе се радуваат на нова титула.

ЕМИНИ, АЛИМИ, МУСЛИУ, ЗАХОВ, БЕЈТУЛАИ...

Оваа есенска титула Шкендија ја освои и без капитените од минатата сезона Ферхан Хасани и Ардијан Цуцули кои уште во јуни го напуштија клубот. Оваа есенска титула Шкендија ја освои и без повредениот Марјан Радески, репрезентативецот и еден од клучните играчи на тимот, а во последно време стратегот Ќатип Османи не можеше да смета и на Бесарт Ибраими и Стенио Жуниор. Тоа е премногу и за екипа каква што е Шкендија, но сепак тие што играа, со ретки исклучоци, го даваа максимумот и беа на висина на задачата. Во отсуство на горе споменатите, тон на играта на Шкендија оваа есен даваа Изаир Емини, Арменд Алими, Висар Муслиу, Костадин Захов и Езгзон Бејтулаи. Секако дека и другите беа одлични, како Мици, Мурати, Тотре, да не заборавиме уште некој, но сепак главни беа Емини, Алими, Муслиу, Захов и Бејтулаи.

Се брка рекордот од 9 победи по ред

Шкендија е во серија од седум победи во ред, и тоа е израмнување на постигнувањето од 22.10.2017 до 03.12.2018 кога исто така Шкендија имаше седум врзани победи во првенството. Сепак рекордот е девет победи по ред, а тоа се случи во периодот од 10.12.2015 до 10.04.2016 година. Во случај Шкендија да слави со А. Пандев и со Ренова во последните две есенски кола секако дека ќе го израмни својот клупски рекорд.

Најново во Фудбал