И чаирчани се жачат од односот на федерацијата

Соопштенија се во мода - Шкупи се жали: ФФМ за некого е мајка, за некого маќеа

Фудбалскиот клуб Шкупи со соопштение реагира на одлуклата на ФФМ мечот од следното коло со Силекс да се игра во Кратово

објавено: 9 март 2018 - 17:10

Фудбалскиот клуб Шкупи со соопштение реагира на одлуклата на ФФМ мечот од следното коло со Силекс да се игра во Кратово.

Чаирчани реагираа веднаш по завршувањето на заостанатиот меч меѓу Силекс и Скопје што се играше во лоши услови на тешкиот терен во Кратово. Сега тие ќе треба да му бидат гости на Силекс, а реагираат со соопштение.

„ФФМ за некого е мајка, за некого маќеа и тоа трае подолго време. Иако во правилниците за натпреварување опишува дека не смее да се игра на терен и стадион што не ги задоволува минимум условите за игра, сепак Силекс доби дозвола за настапи на стадионот во Кратово. Ние бевме одбиени и не можеме да играме на својот терен во Чаир“, стои во дел од соопштението на Шкупи.

Чаирчани побараа оставка од Васко Дојчиновски, првиот човек на Комисијата за натпревари во Првата лига.

Најново во Фудбал