ЛАВОВИТЕ ОД ЃОРЧЕ ЈА ПРЕКИНАА НЕГАТИВНАТА СЕРИЈА ВО СТРУМИЦА

„Сопка“ за Вардар на Чаир, Мици и Емини за тетовска „романтика“!

Македонија ЃП ја прекина негативната серија од три порази по ред во шампионатот, откако на стадионот „Младост" со 1:4 триумфираше над Беласица.

објавено: 10 ноември 2018 - 14:54

Да Силва донесе водство за „лавовите", па израмни Милушев за струмичани (19.), а трите бода на „лавовите" ги потврди Кировски со три голови, хет-трик, 34., 70., и 90-та мин.

Шкендија ја обезбеди и деветтата победа (четврта по ред), откако на Националната Арена „Филип Втори" славеше со 1:2 против Работнички. Емини се погрижи за позитива на тетовските „црвено-црни" (20.), па израмни Пеев (28.), а важни три бода за избраниците на Османи во битката за тронот обезбеди Мици на стартот од вториот дел (51. мин.)

Ренова ги израдува своите навивачи во Тетово, благодарение на Гафури (85.) во самиот финиш од мечот беше совладана Победа (2:1). Најпрвин прилепчани водеа од 33. мин. преку Танушев, а непосредно пред паузата израмнија „гипсарите" (Стојановски (45.)

Вардар „киксираше" на стадионот Чаир, го претрпе третиот пораз, а за голема радост на Шкупи се погрижи Сержињо. И во последниот дуел Силекс приреди изненадување славејќи над Академија Пандев (1:0) со погодокот на Георгиев во 13. минута на средбата во Кратово.

1МФЛ, 14. коло

Сабота, резултати:

Беласица-Македонија ЃП 1:4
Работнички-Шкендија 1:2
Ренова-Победа 2:1
Шкупи-Вардар 1:0
Силекс-Академија Пандев 1:0

Табела:

1.Шкендија 31 бод
2.Вардар 28
3.Академија Пандев 22
4.Ренова 19
5.Победа 17
6.Работнички 17
7.Македонија ЃП 16
8.Шкупи 15
9.Силекс 14
10.Беласица 14

Најново во Фудбал