Првакот се спаси во последен момент, тетовци супериорни

Спас во последен час за Вардар, Шкендија го растури Пелистер

Евгениј Новак со погодок во последните моменти го спаси од пораз актуелниот шампион Вардар во старото скопско дерби со Шкупи. Гостите водеа со голот на Омар Имери од првото полувреме, но Украинецот погоди за реми, 1:1. Шкендија беше супериорна во Битола и го декласира Пелистер со 6:0

објавено: 15 април 2018 - 18:01

Евгениј Новак со погодок во последните моменти го спаси од пораз актуелниот шампион Вардар во старото скопско дерби со Шкупи. Гостите водеа со голот на Омар Имери од првото полувреме, но Украинецот погоди за реми, 1:1. Шкендија беше супериорна во Битола и го декласира Пелистер со 6:0, во меч што го најави финалниот меч во националниот куп.

Тетовци брилјираа и до врв ја наполнија мрежата на Пелистер. Почна Бојку, продолжија со стрелба фазлагиќ, Бејтулаи, Жуниор и Алими, а точка на имресивниот настап на новиот шампион стави Радески. Двете екипи на 23. мај ќе играат реприза на ланското финале во националниот куп.

Серијата на Скопје без пораз во пролетниот дел ја заврши Работнички со победа на гостински терен. Стојанче Велинов беше стрелец на победничкиот гол во 81. минута. „Романтичарите“ со новиот кормилар Ѓоре Јовановски пеат поинаква песна и имаат две победи со искусниот лисец на кормилото.

Значајн победа за опстанок забележа Ренова со 2:1 против директниот конкурент Победа. Јусуфи и Маркос беа стелци за „гипсарите“, а Даноски беше прецизен за Победа.

Во премиерниот меч од 27. коло Силекс и Академија Пандев ремизираа без голови.

Табела: Шкендија 68, Вардар 49, Силекс 41, Работнички 35, Академија Пандев 32, Ренова 31, Шкупи 30 (еден натпревар помалку), Победа 25, Пелистер (-1) и Скопје по 24.

Најново во Фудбал