УО НА ФФМ ГИ ЗАВЕРИ СИТЕ ДОБИТНИЦИ НА ПРИЗНАНИЈАТА

Спировски е најдобриот фудбалер за 2017 година

Стефан Спировски е фудбалерот на годината во Македонија. Ова стана јасно попладнево откако УО на ФФМ ги „завери" сите носители на награди од „куќата на фудбалот". 

објавено: 30 ноември 2017 - 18:00

Стефан Спировски е фудбалерот на годината во Македонија. Ова стана јасно попладнево откако УО на ФФМ ги „завери" сите носители на награди од „куќата на фудбалот", открива „Македонски спорт“.

Како што објаснува единствениолт спортски весник кај нас, за играч на годината имаше отворено гласање на веб страницата на ФФМ каде покрај Спировски во „системот" беше ставен и тандемот на Шкендија, Ферхан Хасани и Бесарт Ибраими.

Сегашниот фудбалер на Ференцварош ја доби битката по успешните настапи за Вардар на домашната и меѓународната сцена. Репрезентативниот играч за врска во август со замина од таборот на „црвено-црните" по сензацијата над Фенербахче.

Од претходно се знаеше дека Енис Барди е фудбалерот кој ќе го понесе признанието за играч на годината од фудбалерите кои настапуваат во странство. Гоце Седлоски е тренер на годината, Илија Матеничаров од Академија Пандев е фудбалски работник за оваа 2017 година.

Церемонијата на која ќе бидат наградени најдобрите е во недела на 3 декември во Скопје.

Најново во Фудбал