Имаа добар план како да го сопрат шампионот

Станковски: Го нападнавме Вардар од почеток, ни се врати со голови и победа

Горан Станковски подготви добар план како да го фати шампионот Вардар на спиење и тактиката му успеа. Работнич,ки ја забележа првата пролетна победа, со триумф против Вардар со 2:1

објавено: 24 февруари 2018 - 16:54

Горан Станковски подготви добар план како да го фати шампионот Вардар на спиење и тактиката му успеа. Работнич,ки ја забележа првата пролетна победа, со триумф против Вардар со 2:1.

„Имавме план веднаш да нападнеме и затоа не ме изненади што брзо поведовме. Моите играчи ги спроведоа сите замисли на теренот и имаме право да се радуваме на заслужена победа. Експресно поведовме со 2:0 и потоа успеавме да ја одбраниме предноста. Добро е што по две кола без победа успеавме да славиме“, изјави Станковски по големата победа на „романтичарите“ во локалното и дерби на 21. коло во домашното првенство.

Најново во Фудбал