Различно расположение кај двата клуба од Скопје

Станковски си пее победнички песни, Нухију е во очај по 4 порази во пет кола

Горан Станковски донесе мир и свежина во таборот на Работнички, а „романтичарите“ наредија три победи по ред и стасаа до 16 бода што е одличен учинок по лошиот старт. Денеска беше победен и Шкупи со голот на Гофри, што пак му носи главоболки на тренерот на „чаирчани“ Адријан Нухију

објавено: 29 октомври 2017 - 16:05

Горан Станковски донесе мир и свежина во таборот на Работнички, а „романтичарите" наредија три победи по ред и стасаа до 16 бода што е одличен учинок по лошиот старт. Денеска беше победен и Шкупи со голот на Гофри, што пак му носи главоболки на тренерот на „чаирчани" Адријан Нухију, кој има 4 порази во последните пет кола и го расипа впечатокот.

Шкупи се врати во опасната зона, бидејќи освои само три од можните 15 бодови. И денеска примија наивен гол, а одбраната заспа, па Стјепановиќ, Велинов и стрелецот Гофри лесно и мудро ја надиграа при победничкиот гол.

Најново во Фудбал