Не се смени ништо

Стари цени и стари навики, пак нема публика на Арената (Фото)

Работнички се врати на Арената, цените се по стариот ценовник, а и навиките се стари, па повторно нема публика на најголемиот стадион во Македонија

објавено: 24 септември 2017 - 21:26

Работнички се врати на Арената, цените се по стариот ценовник, а и навиките се стари, па повторно нема публика на најголемиот стадион во Македонија.

Штета за актерите на мечот меѓу Работнички и Академија Пандев кои одиграа одличен меч. Имаше и голови и стативи и пенали и одлични акции, но немаше тоа што го краси фудбалот, публика. Поточно ја имаше, околу 150 до 200 на Северната трибина и ни педесетина на Јужната трибина. Прескромно за прволигашки фудбал.

Најново во Фудбал