ОДРЕДЕНИ СУДИИТЕ ЗА 15. КОЛО ВО ПМФЛ

Ставрев ќе го суди соседското дерби

Александар Ставрев е делегиран за главен судија на средбата меѓу Вардар и Работнички. Тоа е дерби меч од 15. коло кое се игра во четврток.

објавено: 20 ноември 2018 - 14:25

Александар Ставрев, еден од нашите најдобри судии е одреден за главен судија на соседското дерби меѓу Вардар и Работнички кое се игра на „Борис Трајковски" во Маџари.

Овој натпревар е дерби на 15. коло, кое е закажано за на 22 ноември (четврток). Интересно е тоа што на четирите од петте средби во ова коло во ПМФЛ, ќе судат судии од Скопје, само мечот меѓу А. Пандев и Победа ќе го суди Зоранчо Темелков од Кавадарци.

ДВОЈКИ ЗА 15. КОЛО - ЧЕТВРТОК (13 Ч)

ВАРДАР - РАБОТНИЧКИ (А. Ставрев - Скопје)
БЕЛАСИЦА - РЕНОВА (И. Стојчевски - Скопје)
МАКЕДОНИЈА ЃП - ШКУПИ (Ј. Бартон - Скопје)
ШКЕНДИЈА - СИЛЕКС (Д. Мечкаровски - Скопје)
А. ПАНДЕВ - ПОБЕДА (З. Темелков - Кавадарци)

Најново во Фудбал