Победа може да склопи цел нов тим за пролетниот дел

Стефан Грбовиќ е јубилејното 10. засилување за прилепчани

Само во зимскиот преоден рок беа доведени дури десет нови играчи, што значи дека тренерот Бубања ќе има тешка задача да ги уигра сите, за кратко време

објавено: 9 февруари 2018 - 22:22

Екипата на Победа вечерва го ангажираше десеттото засилување во зимскиот преоден рок. Нов член на „црвено-белите“ е долгогодишниот член на белградските „црно-бели“ Стефан Грбовиќ, потврди Победа на својата официјална страница.

Станува збор за 23-годишен дефанзивец кој настапува на позицијата десен бек и штопер, а кој во Прилеп доаѓа од српскиот прволигаш Телеоптик. Тоа е клуб кој е филијала на белградски Партизан.

Грбовиќ, кој е роден во Крагуевац, од 10-годишна возраст е член на Партизан, каде ги минал сите категории, а има повеќе настапи за младите селекции на Србија. Со неговиот ангажман се очекува тренерот Бубања да добие квалитет повеќе на десната дефанзивна странична линија и на цврстина и сигурност во одбранбената формација на Победа.

Грбовиќ утре ќе го има својот прв тренинг со соиграчите. До крајот на преодниот рок има уште два дена, што значи дека Победа има време да ангажира уште некој нов играч.

Најново во Фудбал