СТРУМИЧАНИ ДОБИВААТ ЕКСТРА ЗАСИЛУВАЊА

Стојков и Најденов пред промоција во Академија Пандев

Раководството на „Пандевци" ги договори Ацо Стојков и Бојан Најденов.

објавено: 13 јули 2018 - 10:14

Академија Пандев не се шегува. Имено струмичани успеаја да ги договорат, ни повеќе ни помалку туку Ацо Стојков и Бојан Најденов. И двајцата се екстра засилувања кои и тоа како добро ќе му дојдат на шефот на струката Југослав Тренчовски.

Како што велат нашите информации останува само официјалната промоција.

СТОЈКОВ СЕ ВРАЌА ВО СТРУМИЦА
Ацо Стојков по заминувањето од Вардар некако логично беше да се врати во Струмица. Но не во „својата" Беласица од каде пред 17 години направи трансфер во Интер, туку во тимот на својот некогаше соиграч и пријател Горан Пандев. Секако дека со него „пандевци" ќе имаат навистина добар напад. Да потсетиме дека во кариерата Стојков покрај Вардар и Беласица играше и за Работнички, Горњик, Ла Лувие, Партизан, Дебрецин, Ботошани и други клубови.

НАЈДЕНОВ БЕШЕ ЦЕЛ НА НЕКОЛКУ КЛУБОВИ
Со Бојан Најденов, еден од најдобрите последни играчи за врска, „пандевци" добиваат на квалитет и на сигурност во линијата за врска. Тој откако си замина од Иран, од тимот на Естегал, беше цел на најмалку два наши проволигашки клубови, но сепак по кусите преговори со раководството на Академија Пандев, се реши да го облече дресот на овој клуб.
Најденов пак во минатото играше за Хоризонт Т, Миравци, Работнички, Естегал.

Најново во Фудбал