Чаирчани ја засилија и дефанзивата

Стоперот Типуриќ во последен час го засили Шкупи

Стоперот Тони Типуриќ во последните часови од преодниот рок го засили составот на Шкупи. Дефанзивецот има 27 години и потекнува од австриската школа на фудбалот, иако е роден во Сараево

 

објавено: 13 февруари 2018 - 08:00

Стоперот Тони Типуриќ во последните часови од преодниот рок го засили составот на Шкупи. Дефанзивецот има 27 години и потекнува од австриската школа на фудбалот, иако е роден во Сараево.

Ќе биде големо засилување за чаирчани, кои ангажираа неколку квалитетни фудбалери во обид да се изборат за настап во европските купови.

Типуриќ има играно во неколку клубови од понизок ранг во Австрија, оттаму се префрли во Зиген, Германија, а играл и за естонска Левадија, потоа и за Злате Моравче во Словачка, за Цибалија и за романска Конкордија.

 

Најново во Фудбал