Дел се вратија во старото јато, за дел ќе има проба

Странци против домашни, тест меч за опстанок во Победа

Тренерот на Победа, Славољуб Бубања закажа тест меч за идните надежи и за странците во Победа кои се на проба, за да се исфинализираат сите детаљи и да се има можеби и конечен увид, кој ќе остане во таборот на прилепчани за пролетниот дел на шампионатот

објавено: 19 јануари 2018 - 19:00

Тренерот на Победа, Славољуб Бубања закажа тест меч за идните надежи и за странците во Победа кои се на проба, за да се исфинализираат сите детаљи и да се има можеби и конечен увид, кој ќе остане во таборот на прилепчани за пролетниот дел на шампионатот.

Утре од 11 часот ќе се игра мечот, а треба да се одбележи дека денеска со тренинзи почнаа екс-фудбалерите на Победа, Стојанче Дунимаглоски и Валентин Колески.

Победа досега тренираше двапати дневно, а следен фудбалски предизвик во зимскиите подготовки ќе биде дуелот со Ренова.

Најново во Фудбал