Различни судбини, Грузиецот се прости, Дејан останува

Стрелецот на историскиот гол за Вардар, Џигаури, си замина, Блажевски продолжува со „црвено-црните“

Џамбул Џигаури си замина од Вардар и нема да продолжи со „црвено-црните“, а симпатизерите на шампионот ќе го паметат Груизиецот по голот против Фенербахче, со кој се испиша историја и беше обезбеден историски пласман во Европа Лигата. Вардар се договори со Дејан Блажевски да продолжи во шампионскиот состав на најтрофејниот фудбалски клуб

објавено: 17 декември 2017 - 16:29

Џамбул Џигаури си замина од Вардар и нема да продолжи со „црвено-црните", а симпатизерите на шампионот ќе го паметат Груизиецот по голот против Фенербахче, со кој се испиша историја и беше обезбеден историски пласман во Европа Лигата. Вардар се договори со Дејан Блажевски да продолжи во шампионскиот состав на најтрофејниот фудбалски клуб.

Во Истанбул во бараж-мечот против големиот Фенербахче Џигаури со флипер погодок израмни на 1:1 и ширум ја орвори портата кон историски пласман во Европа Лигата, а победнички печат тогаш стави Никола Глигоров за двојна победа на Вардар. Во Истанбул беше 2:1, во Скопје 2:0, а голот на Џигаури беше клучен за потврда на првиот настап на скопјани во фаза по групи во европските натпреварувања.

Спротивно од него со Вардар и понатаму продолжува Дејан Блажевски, на кого му е продолжен договорот до крајот на сезоната. 

Најново во Фудбал