Талентот останува во Градски парк

Суад Сахити уште една година во Работнички

Актуелниот договор на напаѓачот кој му истекуваше летово е продолжен на уште една година

објавено: 15 февруари 2017 - 14:00

Суад Сахити и во наредната сезона ќе настапува да екипата на Работнички. Раководството на „романтичарите" ја продолжи соработката со талентот за една годија, па така договорот кој истекуваше во јуни, сега ќе трае до 2018.

Иако имаше најразлични понуди од Хрватска и Казахстан, Сахити и во наредната натпреварувачка година ќе го гледаме на македонските терени.

Напаѓачот на тимот од Градски парк во првиот дел од сезоната на домашниот шампионат постигна два погодоци на 18 одиграни средби.

Шанса за да го поправи учинокот ќе има веќе в сабота, каде што Работнички ќе се соочи со Македонија ЃП.

Најново во Фудбал