Нема зима за тетовци со ваков тандем стрелци

Супериорна Шкендија - Декласирана Ренова со 6:1 за есенска титула

Шкендија игра одличен фудбал и со победа од 6:1 ја декласира Ренова во тетовското дерби за потврда на есенската титула во домашното првенство

 

објавено: 25 ноември 2017 - 14:50

Шкендија игра одличен фудбал и со победа од 6:1 ја декласира Ренова во тетовското дерби за потврда на есенската титула во домашното првенство.

Најефикасниот тандем стрелци во европските првенства, Ферхан Хасани и Бесарт Ибраими повторно беа расположени за голови и со по два прецизни удари го предводеа лидерот до нова победа. Сега, двајцата заедно имаат постигнато неверојатни 28 погодоци (Хасани 16, Ибраими 12).

Шкендија тргна офанзивно и со три голови за нешто повеќе од половина час веќе имаше недостижна предност од 3:0. Ибраими во третата и 33. минута и Хасани од пенал во 25. минута рутински го решија мечот. Потоа Мишковски намали на 1:3, но лидерот додаде гас и со уште три гола на Жуниор, Шефити и повторно Хасани славеше со 6:1.

Со 43 бодови на едно коло до крајот на вториот круг во домашното првенство „црвено-црните“ од Тетово се недостижни на врвот на табелата и ќе презимат како лидери.

 

 

 

Најново во Фудбал