Гостите славеа во дербито

Суша во Пелагонија за Победа, Пелистер жнее бодови против прилепчани

Пелистер ја продолжи победничката серија против Победа и фудбалски ќе владее во Пелагонија, по победата од 2:1 на дербито меѓу двата лути ривали

објавено: 13 август 2017 - 18:57

Пелистер ја продолжи победничката серија против Победа и фудбалски ќе владее во Пелагонија, по победата од 2:1 на дербито меѓу двата лути ривали. Битолчани беа подобри и денеска на стадионот во Могила, во Прилеп и успеаа да ги освојат бодовите во премиерното коло од новото издание на Првата македонска лига.

Иве Трифуновски во 24. минута по една контра на гостите погоди за предност на битолчани, но Борче Маневски од пенал во 51. минута израмни на 1.1. Лукас Кардозо како и многупати досега беше таличен за битолчани и со гол во 70. минута му донесе цел плен на Пелистер. Битолчани немаат пораз од Победа на последните 5 меѓусебни дуели, а трендот продолжи и денеска.

Во Кратово Силекс славеше со 1:0 против повратникот во Првата лига Скопје.

Најново во Фудбал