ПРЕСВРТ ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ

Талески потпиша за Хонка

Доскорешниот капитен и прв чувар на мрежата на Победа АД, Давор Талески кариерата ја продолжува во Финска.

објавено: 12 февруари 2018 - 19:40

Доскорешниот капитен и прв чувар на мрежата на Победа АД, Давор Талески кариерата ја продолжува во Финска. Откако не успеа неговиот трансфер во Лахти, веднаш го контактирале челниците на повратникот во Првата финска лига Хонка.

Талески потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на истиот на уште една година. Тој ќе биде деветиот странец во редовите на новиот тим. Меѓу странците е и српскиот интернационалец Немања Обрадовиќ, кој како позајмен играч од Рад во сезоната 2008/2009 настапуваше за Победа. 

„Честитки за трансферот на Талески, благодарност од ФК Победа за сите негови настапи во црвено-белиот дрес и многу успеси во натамошната кариера“, му посака Победа на некогашниот капитен. 

Најново во Фудбал