Прилепчани и немаат многу избор

Талески: Само победите се опција за опстанок на Победа

Давор Талески е најмладиот капитен на екипа во Првата македонска лига, а тој е и еден од најзаслужните за будењето на Победа во финишот на сезоната. Прилепчани грчевито се борат за опстанок, а Талески вели дека Победа и нема многу опции освен да победува до крајот на шампионатот

објавено: 19 мај 2017 - 13:40

Давор Талески е најмладиот капитен на екипа во Првата македонска лига, а тој е и еден од најзаслужните за будењето на Победа во финишот на сезоната. Прилепчани грчевито се борат за опстанок, а Талески вели дека Победа и нема многу опции освен да победува до крајот на шампионатот.

Следен противник е отпишаната Македонија Ѓорче Петров, екипа со која Победа трипати ремизираше во актуелното првенство.

„Време е за победа против Македонија Ѓорче Петров. Немаме што да калкулираме, бидејќи ни одговара само да ги освоиме бодовите. Иако Македонија Ѓ.П веќе е во Втората лига не смееме да ги потцениме. Имаат млади фудбалери кои знаат да играат добар фудбал, но ние не сме во ситуација да размислуваме за ништо друго, освен за нови 3 бода. Самодовербата и мотивот се на највисоко ниво и со максимално ангажирање на моите соиграчи и подршка од нашите навивачи победата не смее да биде доведена во прашање“, вели Талески.

Победа е најуспешниот македонски прволигаш во последните пет кола и има 4 победи и еден пораз. Освоени се 12 бодови во вистинско време за прилепчани, но сега им треба максимален ефект во последните три кола за сигурен опстанок. Победа е на седмата позиција, последна што гарантира опстанок во Првата лига со 35 бода. Битката е со Шкупи, екипа која заостанува за два бода.

 

 

 

Најново во Фудбал