Со нов тренер во атак на Првата лига

Танчески го замени Хусеин на кормилото на Струга Трим Лум

Младиот тренер Александар Танчески ќе го предводи второлигашот Струга Трим Лум во атак на пласман во Првата лига, а новиот кормилар доаѓа на местото на искусниот Неџат Хусеин

објавено: 22 декември 2017 - 08:33

Младиот тренер Александар Танчески ќе го предводи второлигашот Струга Трим Лум во атак на пласман во Првата лига, а новиот кормилар доаѓа на местото на искусниот Неџат Хусеин.

Танчески се договори со стружани да ги предводи од клупата до крајот на сезоната, а евентуален успех и пласман во Првата македонска лига ќе му донесе и подолг престој во редовите на амбициозниот клуб.

Танчески му беше помошник на познатиот македонски ас Артим Шакири во Пембрук од Малта, а сега ќе се обиде да приреди подвиг со третопласираниот клуб во Втората лига Запад и да се најде во прволигашкото друштво.

Најново во Фудбал