ОТКАКО НЕ ГИ РЕАЛИЗИРА ПЛАНОВИТЕ...

ТАСЕВСКИ: Благодарам Кратово, благодарам Силекс - СИ ЗАМИНУВАМ!

„После одиграните 8 кола резултатите не содејствуваат со клубските и моите лични амбиции како тренер за што јас чувствувам лична одговорност. На Силекс му посакувам срека и спортски резултати во иднина“ - потврди Тасевски.

објавено: 29 септември 2018 - 18:04

Жикица Тасевски повеќе не е шеф на стручниот штаб на екипата на Силекс од Кратово. Непосредно по завршувањето на првесвенто дуел со Македонија ЃП, во кој кратовци дојдоа само до едне бод на домашен терен, Тасевски писмено го информира раководството на клубот дека си заминува.

„Јас Жикица Тасевски давам неотповиклива оставка на местото шеф на стручен стаб во фудбалскиот клуб Силекс, сакам да се заблагодарам на фамилијата Иванов и целото клубско раководство. Силекс е клуб кој секогаш има високи амбиции, после одиграните 8 кола резултатите не содејствуваат со клубските и моите лични амбиции како тренер за што јас чувствувам лична одговорност. На Силекс му посакувам среќа и спортски резултати во иднина.  Благодарам Кратово... Благодарам Ф.К Силекс“- напиша Тасевски во простувачки стил. 

Најново во Фудбал