ДОЛГИТЕ ПРЕГОВОРИ ВРОДИЈА СО ПЛОД

Тасевски уште една година во Силекс

Се договоривме со првите луѓе на Силекс да останам во Кратово уште една година" ни изјави Жикица Тасевски

објавено: 30 мај 2018 - 17:55

Жикица Тасевски и Силекс ја продолжија соработката на најмалку уште една година. Раководството на кратовци инсистираше токму Тасевски да го води нивниот тим во наредниот период, му понуди нов договор а еден од нашите најдобри стратези истиот го прифати.

„Се договоривме со Силекс да го водам тимот и во наредната сезона. Искрено имав и други понуди, сакав малку и да одморам, но по разговорите со првите луѓе на клубот сепак решив да останам во Кратово" ни изјави Тасевски.

 

Најново во Фудбал