УЛТИМАТУМ НА ТЕТОВЧАНИ

Тетекс се закани дека ќе отстапи од Втора лига

Во соопштението на фејсбук профилот стои дека барањето е Тетекс како домаќин да игра на Градскиот стадион во Тетово 

објавено: 5 јули 2017 - 08:30

Во престет на новата второлигашка сезона, тетовскито клуб Тетекс од Тетово, до Фудбалската федерација на Македонија и до Општината Тетово испрати допис, во кој се бара, на екипата да и се дозволи, своите мечеви како домаќин, да ги игра на Градскиот стадион во Тетово, а не како што беше во минатата сезона. Тетекс лани играше на игралиштето на Агенцијата за млади и спорт во Тетово. 

Тетовчани велат дека им е здосадено да бидат како „бездомници“ во својот град, па затоа реши да даде ултиматум. Или ќе игра на Градскиот стадион во Тетово, или ќе се откаже од настапите во Втора лига. 

Еве што пишува на фејсбук профилот на ФК Тетекс 2016: 

Очигледно на ФК Тетекс му прекипе. Во пресрет на новата второлигашка сезона, клубот испрати допис до Фудбалската Федерација на Македонија, односно до Општина Тетово, во кое се вели дека доколку не му биде дозволено следната натпреварувачка сезона да ги игра домашните мечеви на Градскиот стадион во Тетово, ќе се откаже од натпреварувањето. Со оглед на фактот што минатата година Тетекс ги играше своите мечеви како домаќин на игралиштетот на Агенцијата за спорт и млади во Тетово, очигледно дека му здодеа да биде "бездомник" во сопствениот град, па реши да пресече. Или и тој ќе игра на Градскиот стадион, како што го прават тоа Шкендија и Ренова, или пак воопшто нема да се натпреварува. Со ова клубот ја префрла топката кај надлежните институции, кои секако пред стартот на оваа сезона, бараат од него да пријави терен кој ќе го носи како домашен.
ОД 1 ЈАНУАРИ СМЕЕ ДВА НАТПРЕВАРИ НЕДЕЛНО
Од Тетекс напоменуваат дека не постојат законски пречки клубот да не игра на Градскиот стадион. Односно до 31.12.2016 година било важечко правилото на еден стадион да може да се игра само еден меч неделно, а сега тоа правило повеќе не постои. Тоа значи дека и Шкендија и Ренова, како прволигаши, но и Тетекс, како второлигаш, имаат право да настапуваат на стадионот, секако со финансиски надоместок. Според последните информации еден натпревар на стадионот во Тетово ќе го чини Тетекс 500 евра.
ФИНАНСИИТЕ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ. СЕ ТРГНУВА СО ПОДГОТОВКИТЕ
Од друга страна, пак паралелно со ова прашање, Тетекс решава и други тековни проблеми. Околу финансиите за следната сезона, обезбедени се дел од нив и екипата ќе почне со подготовките. Енис Дервиши замина во Работнички а Беким Реџепи во шкендија и тоа се единствените двајца што ќе ги нема на прозивката. Од друга страна пак, како прво засилување е најавен Мирослав Јовановски. Подготовките се закажани за 12 Јули.
НАПРЕД ТЕТЕКС !!

Најново во Фудбал