Јубилеј во Тетово

Тетекс слави 65 години постоење

Фудбалскиот клуб Тетекс денеска слави 65 години од постоењето и е меѓу најстарите спортски колективи во земјава

објавено: 18 февруари 2018 - 13:24

Фудбалскиот клуб Тетекс денеска слави 65 години од постоењето и е меѓу најстарите спортски колективи во земјава.

Клубот е формиран на денешен ден во 1953 година, по иницијатива на Андро Јанковски, тогашен комерцијален директор на текстилниот комбинат и познатиот спортски работник и вљубеник во фудбалот Александар Апостолов. Тогаш во рамките на Комбинатот беше формиран Фудбалскиот клуб Текстилец. Во 1961 година, клубот ќе биде преименуван во ФК Тетекс.

Со формирањето на Тетекс, многу доби најстариот тетовски фудбалски клуб и еден од најстарите во Македонија, Љуботен. Достоен ривал, кој подоцна со успесите и со настапот во тогашната Прва Југословенска лига и ги надмина љуботенци.

Тетекс има и две титули во Купот на Македонија.

Најново во Фудбал