ПРИЛЕПЧАНИ СО ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ

Тофилоски се врати во Победа

Победа го потпиша најголемото засилување во преодниот рок, на мрежата за продолжение од сезоната ќе го има Дарко Тофилоски. 

објавено: 31 јануари 2018 - 13:44

Победа го потпиша најголемото засилување во преодниот рок, на мрежата за продолжение од сезоната ќе го има Дарко Тофилоски. Некогашниот младински репрезентативец има две титули со прилепскиот тим, во сезоните 2003/2004 и 2006/2007.

Тофилоски покрај Победа има настапувано за Шафхаузен, Кошице, Ружомберок, Дунајска Среда и Алашкерт. Првиот настап на голот ќе го има попладнево на пријателскиот меч со Јавор.

„Прилепска Победа го ангажира најголемото засилување во македонскиот фудбал во овој зимски преоден рок, со што новото раководство продолжува со стабилизацијата на клубот најавувајќи големи амбиции. Нов чувар на мрежата на прилепчани напролет ќе биде Дарко Тофилоски“, соопштија од таборот на Победа.

 

Најново во Фудбал