Вицешампионот на Македонија одлучи

Томас Брдариќ е нов кормилар на Шкендија

Познатиот германски репрезентативец Томас Брдариќ ќе го има првото сериозно искушение како тренер, на клупата на Шкендија

објавено: 31 декември 2016 - 12:46

Познатиот германски репрезентативец Томас Брдариќ ќе го има првото сериозно искушение како тренер на клупата на Шкендија. Во последните мигови од 2016 година, или на почетокот на Новата година се очекува негова официјална промоција како нов предводник од клупата на вицешампионот на Македонија.

Раководството на Шкендија конечно пресече и одлучи да му ја понуди целосната доверба на Хрватот со германски пасош.

Брдариќ е тренер веќе 7 сезони, но нема посериозно искуство, бидејќи досега беше кормилар на четири екипи од пониските лиги во Германија. Штајнбах е последниот клуб што го предводеше 41-годишниот тренер.

Како фудбалер Брдариќ има одлично педигре и настапуваше за Бундеслигашите Фортуна Диселдорф, Баер Леверкузен, Хановер и Волфсбург. Беше член на златната генерација на Баер која играше финале во Лигата на шампионите во 2002 година, но загуби од Реал Мадрид во меч за титулата. 

Иако има хрватско потекло, Брдариќ играше 8 меча за германската репрезентација. Беше дел од фудбалската експедиција на „панцирите“ на ЕП во 2004 година.

Најново во Фудбал