ДЕФАНЗИВЕЦОТ ПОБАРА И ДОБИ СЛОБОДНИ ДОКУМЕНТИ

Трајче Стојковски си замина од Македонија ЃП

Искусниот дефанзивец и во изминатите сезони стандарден првотимец на тимот на Македонија ЃП, Трајче Стојковски си замина од клубот.

објавено: 14 септември 2018 - 16:00

Тој повеќе не е дел од екипата во која мина доста време и во која собра доста искуство. Причина за разделбата е фактот што Стојковски не бил задоволен од минутажата која му е доделана во моментов, и посака да си замине. Тоа од страна на управата му е дозволено и тој е веќе слободен фудбалер.

Од друга страна пак, во таборот на Македонија ЃП во моментов има доволно фудбалери, односно ростерот е полн како со искусни наши играчи, млади и надежни младинци, така и со голем број на странци, па одуството на Стојковски и нема премногу да се забележи. Во следните денови ќе дознаеме каде тој ќе ја продолжи кариерата.

КИРОВСКИ ТРЕНИРА, ЌЕ ВИДИМЕ ДО НЕДЕЛА

Од друга страна пак екипата на Македонија ЃП, нормално тренира и се подготвува за следниот предизвик наречен, меч против Беласица на домашен терен. Битен меч, мора да се освојат бодови, тимот е на самото дно на табелата.

Ќе има доста тензија, и на Струмичани им се неопходни бодовите, и тие се во слични проблеми. Искусниот Христијан Кировски вчера тренираше ќе видиме до недела дали ќе може да настапи за својот тим и да помогне.

Најново во Фудбал